Големо Благодарам на тебе, драг Партнеру, што направи правилна одлука да ја користиш нашата Апликација. Тоа
значи дека ти, како и ние, си свесен за фактот дека големо количество на сè уште добра храна за консумирање
завршува во корпа за отпадоци. Голема штета за сите, за нас, за тебе, за природата, за планетата. Затоа не
чекај повеќе, објави го вкупниот број на ќеси полни со производи коишто ти останале непродадени денес и дај
шанса на некој да ги вкуси твоите деликатеси. Нашите и ваши клиенти ќе бидат повеќе од среќни да ни се
приклучат во оваа заедничка мисија. Користејќи ја Aпликацијата, потрошувачите добиваат храна по атрактивни
цени, а вие како бизнис го намалувате отпадот од храна, значително ги намалувате вашите трошоци истовремено
добивајќи стари и нови клиенти. Затоа не се плаши да спасиш залак, плаши се да го фрлиш.
1. SAVE И НЕГОВАТА МИСИЈА
СЕЈВ-МК ДООЕЛ Кочани (во натамошниот текст SAVE, ние, Aпликацијата, Вебсајтот) преку својата Вебсајтот или
мобилна Апликација се бори против фрлањето сè уште добра храна од производствени фабрики, супермаркети,
ресторани и други угостителски објекти во корпа за отпадоци. Главната цел е да го поврзе корисникот со
трговецот којшто има останато храна тој ден и не сака да ја фрли. Овој процес се реализира на начин што
нашиот партнер (производствена фабрика, супермаркет или др. угостителски објект) објавува број на достапни
ќеси полни со храна на Вебсајтот или Апликацијата преку која клиентот може да ги нарача. SAVE не
произведува, не складира, не препродава било какви производи, не контролира ниту пак управува со содржината
на било која ќеса. SAVE е само посредник во купопродажниот процес помеѓу трговецот и клиентот. Затоа Ве
молите во моментот на објавување на вашите достапни ќеси за продажба да внесете што е можно повеќе
информации поврзани со истата, односно со нејзината содржина за да нема понатамошни недоразбирања и
конфликти. SAVE категорично одбива било каква одговорност во врска со било кој производ или услуга дадени од
ваша страна.
Со користење на Апликацијата вие се согласувате во целост и без никаков исклучок со нашите услови за
користење. Во случај да не се согласувате со истите, тогаш ви е забрането да ја користите Апликацијата.
Мобилната Апликација SAVE и Вебсајтот www.save.com.mk е онлајн место кое ги поврзува крајните потрошувачи со
бизнисите кои имаат да понудат вишок храна. Бизнисот што ја користи Апликацијата за да им го понуди вишокот
храна на потрошувачите може да има многу форми (на пр. супермаркети, пекари, ресторани, производители итн.),
ние ги нарекуваме таквите бизниси колективно како „Продавница“ или „Продавници“ а почесто „Партнери“. Оние
кои ја користат апликацијата за да нарачаат вишок храна ги нарекуваме „Потрошувачи“, „Корисници“ или
„Клиенти“.
Овие Услови за користење („Општи услови за користење за партнери“) се обврзувачки правен договор помеѓу Вас
и SAVE што ја регулира вашата употреба на Вебсајтот и Апликацијата.
2. УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА SAVE
Разбирањето на овие Услови за користење е од суштинска важност затоа што, користејќи го Вебсајтот или
Апликацијата, вие се согласувате со овие Услови за користење. И при најмало двоумење или неразбирање во
врска со било кој сегмент од Условите, Ве молиме слободно контактирајте нè.
2.1 Креирање сметка
Мора да се регистрирате и да креирате сметка со тоа што ќе ни ги дадете сите информации што разумно ни се
потребни за време на регистрацијата на сметката или во секое време потоа и мора да ги одржувате информациите
за сметката на продавницата целосни, точни и ажурирани. Доколку не ги обезбедите или одржувате ажурирани
вашите податоци може да наидеме на потешкотии и неспособност да ви ги обезбедиме нашите услуги, на пример,
неможност за исплата на фактури доколку ги немаме целосните и точни банкарски информации.
2.2 Огласување
По успешното креирање на сметката, вие ќе можете веднаш да објавите ќеса за продажба доколку имате храна на
располагање. Бројот на ќеси како и нивната содржина зависи само од вас. Колку повеќе и побогати ќеси ставате
на располагање, толку поголеми се шансите да добиете повеќе и поверни клиенти. Затоа ние најтопло ве
охрабруваме да вредноста на ќесата биде барем дупло од нејзината цена. Вредноста на ќесата ја одредувате
според продажната цена на производите кои ги содржи истата.
За креирање на ќеса доволно е да ги следите неколкуте многу лесни чекори на Апликацијата. Избирате
„Производи“ од менито и со кликнување на плусот (+) го започнувате процесот на креирање на ќесата. Избирате
категорија на производи, ставате наслов на ќесата (по ваш избор), дата и време на подигнување. Доколку
сакате да вршите достава на ќесата, тоа мора да го дадете до знаење на купувачот со тоа што ќе го нагласите
во насловот на ќесата или во информациите за истата. Цената којашто ќе ја одберете ќе биде крајна цена, т.е.
доколку нудите достава, цената на доставата мора да биде вклучена во крајната цена на ќесата. Информациите и
сликата може да ги модифицирате по сопствена желба. Многу е важно детално да ја опишете содржината на
ќесата. SAVE категорично одбива било каква одговорност во врска со било кој производ или услуга дадени од
ваша страна.
2.3 Продажба
Купувачот вашата ќеса ја купува од нас и за возврат добива ЕДИНСТВЕН код за нарачката. Истиот код ќе можете
да го видите и вие на вашата сметка и да го споредите со тој на купувачот во моментот на подигнувањето или
доставата на нарачката. SAVE ги плаќа своите партнери еднаш месечно под услов на достигнување на минималните
средства за исплата од 5000ден. после задржувањето на хонорарот за нашите услуги. Доколку минимумот не е
достигнат до крајот на тековниот месец тогаш плаќањето преминува во наредниот, односно третиот календарски
месец. Доколку не е постигнат и во третиот календарски месец тогаш ќе ви се исплатат остварените средства со
задржување поголем хонорар и во истиот момент вашата сметка ке биде деактивирана.
2.4 Дозволени производи
Вие (а не SAVE) сте одговорни за разбирање и усогласување со сите закони, правила и прописи, особено оние
што се однесуваат на вашето обезбедување храна и пијалоци за потрошувачите кои ја користат Апликацијата. Ова
ги вклучува барањата за подготовка, ракување и означување на храната што ја давате на потрошувачот и
овластувањата да продавате храна и пијалоци.
2.4.1 Дозволени производи
Сите производи со неистечен рок на траење, уредно зачувани во своите оригинални амбалажи или други чисти или
стерилизирани амбалажи, нерасипани или мувлосани, за кои имате уредна документација и дозвола за продажба.
Производите може да се отворени, делумно искористени за приготовка на вашите деликатеси, но во никој случај
не може да бидат производи веќе сервирани на клиент и вратени назад, односно делумно или непотполно
исконсумирани.
2.4.2 Забранети производи
Производи со истечен рок на траење, расипани или мувлосани, производи неуредно складирани во несоодветни или
нечисти амбалажи, производи од кои некој претходно јадел. Не смеете да продавате производи за кои не го
знаете потеклото или немаат соодветна етикета со информации или за кои немате соодветна дозвола за продажба.
SAVE ќе врши периодични и ненајавени контроли на вашите ќеси, затоа ве молиме строго да ги почитувате овие
правила и услови. Секое непочитување води кон раскинување на договорот и забрана за користење на
Апликацијата.
Доколку забележите дека сте продале производ којшто е против правилата на SAVE ве молиме веднаш да нè
известите нас, а по можност и клиентот, за да можеме навремено да реагираме и да ја поправиме грешката.
2.5 Откажување нарачки
За олеснети административни цели, SAVE не дозволува откажување на нарачка ниту од страна на продавачот, ниту
од страна на купувачот. Доколку не сте сигурни дека на крајот од тековниот ден би имале вишок храна тогаш
немојте да објавувате ќеси многу однапред. Тоа можете да го направите и во последен момент, или да ја
префрлите за наредниот ден. Во случај да сте продале ќеса а немате доволно производи тогаш ве молиме да го
известите купувачот дека ќесата од тој ден ќе ја добијат наредниот ден од оправдани причини. Многу е важна
вашата комуникација со купувачите за постигнување подобри професионални односи и избегнување несакани
конфликти. Клиентот на прво место.
2.6 Документација
SAVE за секоја добиена нарачка испраќа сметка по емаил на купувачот такашто вие доколку не сакате, не мора
да им печатите потврда или фактура на клиентите. Доколку побараат, тоа останува на вас да се договорите и да
го решите.
2.7 Трошоци за користење на SAVE
За користење на Апликацијата немате фиксни, скриени, предвремени, трансакциски или трошоци за маркетинг.
Плаќате само откако ќе продадете. Сите цени на SAVE се со вклучен ДДВ. Минималната цена на една ќеса е
300ден. По продажбата SAVE задржува 30% од продажната цена и остатокот ви го исплаќа еднаш месечно под услов
да имате акумулирано минимум 5000ден. за исплата после задржувањето на процентот. Доколку до крајот на
месецот тој минимум не е задоволен, исплатата преминува за наредниот месец. SAVE на 1ви секој месец ви
испрака фактура која треба да ја проверите и потврдите со потпис и печат за да премине на исплата. После
потврдата исплата се врши во рок од 3 до 5 работни дена.
2.8 Пофалби и поплаки
SAVE се обврзува, а истото го бара и од вас, доколку добие било какви пофалби или поплаки да ги сподели со
вас.
3. ОДГОВОРНОСТИ
Вие ја преземате целосната одговорност за тоа кој контролира, администрира и може да пристапи до вашата
сметка на продавницата, како се управува со неа и како ја користите. На пример, вие го контролирате
пристапот до вашата сметка на продавницата, вие одлучувате кому му е дозволено да ја користи и пристапува
(„овластени корисници“) и каков пристап има секој од тие овластени корисници. Можете да го промените или
прекинете тој пристап во секое време.
Вие сте одговорни за целата активност на вашите овластени управувачи и нивната употреба на Апликацијата.
Вие се обврзувате да ги ажурирате вашите информации (вклучувајќи ја и тековната адреса на е-пошта).
Вие сте одговорни за обезбедување на вистинити, точни и целосни информации.
Вие исто така сте одговорни за заштита на вашето корисничко име и лозинка од кражба или злоупотреба.
Освен одговорноста за заштита на личните податоци, SAVE отфрла било каква одговорност за загуба на профит,
приходи, деловни можности, добра волја или очекувани заштеди, индиректна или последователна загуба.
Вие се обврзувате дека ќе го обештетите SAVE и неговите директори, службеници, вработени и изведувачи за
какви било правни постапки од трета страна (вклучувајќи дејствија на владините органи) што произлегуваат од
или се поврзани со вашата незаконска употреба на Апликацијата и/или прекршување на овие Услови. Оваа отштета
ја покрива секоја одговорност или трошок што произлегува од побарувања, загуби, штети, пресуди, парични
казни, судски трошоци и правни трошоци.
4. ДОВЕРЛИВОСТ
Додека ја користите нашата Апликација, може да споделувате доверливи информации со нас како и да добиете
доверливи информации за нас. И вие и ние се согласуваме да преземеме разумни чекори за да ги заштитиме
меѓусебните доверливи информации од пристап до неовластени поединци, ентитети или други трети страни. Вие
или ние може да споделуваме меѓусебни доверливи информации со правни, владини или регулаторни органи доколку
тоа се бара или ако тоа го бара законот. Ние, исто така, може да ги споделиме вашите информации на слична
доверлива основа со другите компании во нашата групација, нашите советници, ревизори и финансиери и сите
трети страни кои вршат длабинска анализа на нашиот бизнис. Информациите нема да се сметаат за доверливи ако
примачот на информациите веќе ги знаел информациите и тие не биле предмет на доверлив третман или
информациите се јавно достапни (но не како резултат на прекршување на овој дел за доверливост).
5. ИНТЕЛЕКТУАЛНА СОПСТВЕНОСТ
За време на користењето на апликацијата, ни дозволувате да ги прикажеме вашето име на продавница и лого(а)
на нашата платформа за да може вашето присуство и огласи да бидат видливи за потрошувачите. Понекогаш може
да го повикаме вашето име и лого во врска со списоците на продавници и деловни партнери кои ја користат
платформата. Секоја друга употреба, бара од нас да ја добиеме вашата претходна писмена согласност. Истото
важи и за вас. За употреба на нашето име, лого(и) или други материјали што ни припаѓаат, бара наша претходна
писмена согласност. Го задржуваме правото да ја отповикаме вашата употреба на нашето име и/или лого(а) во
секое време доколку сметаме дека вашата употреба е во спротивност со нашите упатства за брендот или
разумните очекувања.
Со исклучок на името и логото на вашата продавница, сите други содржини и материјали на
Вебсајтот/Платформата се исклучиво наша сопственост, освен ако не наведеме поинаку.
6. ПРОМЕНИ НА ОВИЕ УСЛОВИ
Можеме да правиме промени на овие Услови на користење од време на време. Ќе ве известиме претходно пред
секоја промена што ја правиме да стапи на сила во согласност со локалната регулатива. Ќе се обидеме
претходно да ве известиме за материјалните промени ако можеме - освен ако не треба веднаш да ги направиме
тие промени од причини надвор од наша контрола, како промена на законот. Ако промената не е материјална,
постои можност да не добиете известување. Новите Услови нема да важат ретроспективно за вашето користење на
нашата апликација, но новите Услови на продавницата веднаш ќе важат за вас доколку ја користите апликацијата
откако новите Услови ќе бидат објавени на нашата платформа. Ако не ја прекинете употребата на апликацијата
пред датумот кога стапуваат во сила ревидираните Услови, вашиот континуиран пристап или користење на
апликацијата ќе значи прифаќање на ревидираните Услови. Можете да ги следите промените на нашите Услови со
повикување на верзијата и датумот на последно ажурирање напишани на врвот на секоја верзија на Условите за
користење.