Главната цел на SAVE е да помогне сѐ уште добрата храна за консумирање да заврши на вашите трпези, а не на депонија.
Намирниците завршуваат на депонија поради различни причини, како што се претстојните датуми на истекување, фабрички грешки, непродаден вишок, залихи итн., кои се голема загуба за целокупното производство. Од друга страна, цената на храната продолжува да расте, а потрошувачите бараат начини да ја намалат сметката за намирници додека уживаат во вкусната храна.
SAVE се вклучува на таа мисија, да ги спои производителите, трговците и потрошувачите, овозможувајќи на секој од нив да ја извлече позитивната страна за себе. Оваа win – win – win стратегија има позитивен ефект најмногу, и пред сè, на општеството, природата, економијата и планетата.