Големо Благодарам на тебе, драг Кориснику, што направи правилна одлука да ја преземеш нашата
Апликација. Тоа значи дека ти, како и ние, си свесен за фактот дека големо количество на сè уште
добра за консумирање храна завршува во корпа за отпадоци. Голема штета за сите, за нас, за тебе,
за природата, за планетата. Затоа не чекај повеќе, избери го твоето омилено место на пазарење и
уште денес нарачај ја својата SAVE ќеса полна со вкусни производи. Не се плаши да спасиш залак,
плаши се да го фрлиш.
СЕЈВ-МК ДООЕЛ Кочани (во натамошниот текст SAVE, ние, апликацијата) преку својата мобилна
апликација се бори против фрлањето сè уште добра храна за консумирање од производствени фабрики,
супермаркети, ресторани и други угостителски објекти во корпа за отпадоци. Главната цел е да го
поврзе корисникот со трговецот кој што има останато храна тој ден и не сака да ја фрли. Овој
процес се реализира на начин што нашиот партнер (производствена фабрика, супермаркет или др.
угостителски објект) објавува број на достапни ќеси полни со храна на апликацијата преку која
вие можете да ги купите истите. Ве молиме внимателно прочитајте во информациите на секој наш
партнер дали тој нуди достава или вие ќе мора лично да ја подигнете вашата ќеса од одредена
локација. Исто така ве молиме имајте на ум дека
SAVE не произведува, не складира, не препродава
било какви производи, не контролира ниту пак управува со содржината на било која ќеса. SAVE е
само посредник во купопродажниот процес помеѓу вас и трговецот.
Затоа за било какви информации,
сугестии или жалби ве молиме да се обратите директно до трговецот. SAVE категорично одбива било
каква одговорност во врска со било кој производ или услуга добиена од страна на нашите партнери.
Со користење на Апликацијата вие се согласувате во целост и без никаков исклучок со нашите
услови за користење. Во случај да не се согласувате со истите ви е забрането да ја користите
апликацијата.
1. ПРИКЛУЧУВАЊЕ КОН МИСИЈАТА SAVE
Со доброволно креирање на профил на нашата Апликација вие се согласувате своеволно и под ничија
принуда на нашите општи услови на користење како и условите за приватност и колачиња.
1.1 Кој може да креира профил на SAVE
За да станете корисник на SAVE мора да ги исполнувате следните услови:
- Да имате најмалку 18 години.
- Да ги пополните бараните полиња од формуларот за регистрација со единствени, веродостојни и
точни лични податоци (име, презиме, е-пошта, телефонски број и лозинка).
- Да ги прифатите овие општи услови за користење и договарање.
- Да ја прифатите политиката за приватност.
Вие како корисник на апликацијата се обврзувате да ги доставите точните податоци за вашиот
идентитет. Мора да ги одржувате информациите за вашата сметка целосни, точни и ажурирани.
Доколку обезбедите какви било лажни, неточни или нецелосни информации или ако SAVE верува дека
постојат разумни основи за сомневање во вистинитоста, точноста или интегритетот на таквите
информации, во тој случај SAVE може да го одбие тековниот или иден пристап и употреба на
апликацијата или која било содржина и/или услуга од неа.
1.2 Никогаш не треба:
- Да изберете или употребите како корисничко име име на друго лице со намера да го преземете
неговиот идентитет.
- Да користите како корисничко име име кое подлежи на какви било права на друго лице освен вас
без соодветно овластување.
- Да користите како корисничко име кое е навредливо, вулгарно или непристојно.
- Да користите информации од постоечки профил на трето лице.
- Да ја споделите вашата сметка со други.
- Да ги објавувате или споделувате информациите за најава за вашата или друга сметка.
2. КАКО ДА ЈА КОРИСТИТЕ АПЛИКАЦИЈАТА
Како што наведовме погоре, главната цел на SAVE е заедно да и дадеме “втора шанса“ на
неискористената храна на многу производствени, трговски и угостителски објекти коишто претходно
ја произвеле или ја купиле, но не стасале навреме да ја искористат целата. Доколку ние, односно
вие не ја спасиме, таа би завршила во корпа за отпадоци.
2.1 КАКОВ ВИД НА ПРОИЗВОДИ ДА ОЧЕКУВАТЕ
- Производи во нивната оригинална амбалажа, неотворени, целосни и со неизминат рок. Рокот може
да е на денот на истекување или неколку дена претходно, но во никој случај после рокот на
истекување.
- Производи надвор од нивната оригинална амбалажа но сепак уредно зачувани за кои нашиот партнер
гарантира дека се сè уште добри за консумирање и не се со изминат рок на траење.
Купувањето преку SAVE е воедно и еден вид на “забавна лотарија“ затоа што нема однапред да ја
знаете содржината на вашата “ќеса изненадување“. Зошто е тоа така? Затоа што и самиот наш
партнер не може да знае однапред што точно би му останало непродадено во тековниот ден.
Замислете еден супермаркет кој на крајот на денот прави проверка кои производи имаат краток рок
на траење. Веројатно разновидноста ќе е голема. Група од тие производи ќе се најде во вашата
ќеса. Или некоја пекара или ресторан. Во пекарата што не се продало после одредено време во
денот (период кој секој партнер самостојно го одлучува) ќе се најде во твојата ќеса. Ресторанот
кој после одредено време во денот (време кој што самиот го одлучува) во кујната има останато
намирници или готови јадења кои не ги продал или искористил до тој период, ќе се најдат во
твојата ќеса. Вредноста на ќесата би била од 30 до 60 проценти пониска од продажната цена на
поединечните продукти.
Со сето ова кажано исто така ве молиме имајте на ум дека
SAVE не произведува, не складира, не
препродава било какви производи, не контролира ниту пак управува со содржината на било која
ќеса. Ние не поседуваме, контролираме, допираме, нудиме или управуваме со огласите за достапни
ќеси што продавниците ги ставаат на располагање. Ние немаме никаква одговорност за содржината на
ќесата (вклучувајќи го квалитетот, состојките и алергените), за информациите обезбедени од
продавниците или за достапноста на информации во врска со ќесите на апликацијата. SAVE е само
посредник во купопродажниот процес помеѓу вас и трговецот.
Затоа за било какви информации,
сугестии или жалби ве молиме да се обратите директно до трговецот. SAVE категорично одбива било
каква одговорност во врска со било кој производ или услуга добиена од страна на нашите партнери.
2.2 ПРОЦЕС НА НАРАЧКА НА SAVE
При самото креирање на вашиот профил вие избирате град од којшто би сакале да добивате понуди.
Не грижете се, и за време на вашите кратки или подолги патувања може да ја користите SAVE така
што во опциите ќе го смените вашиот омилен град со тековниот, односно градот во кој се наоѓате
во тој момент.
На главната страна, или homepage, ги гледате сите достапни ќеси во вашиот регион. Доколку сакате
да ги филтрирате по категорија или др. критериум може тоа да го сторите користејќи го
соодветното мени. За побрз и полесен пристап до вашите омилени ќеси или трговци внесете ги
истите во секцијата “омилени“ за подоцна да ги прегледате со само еден клик (на иконката
“срце“).
Откако ќе го изберете продуктот, (или) продуктите што сакате да ги нарачате ги внесувате во
кошничката. Од кошничката, следејќи ги инструкциите за купување, ги внесувате вашите лични и
банковни информации. За крај притискате на копчето “SAVE“ коешто одговара на “КУПИ“. По успешно
завршената трансакција, односно плаќање на продуктите во кошничката, вие ќе добиете ЕДИНСТВЕН
код за потврда којшто ќе мора да го откриете на трговецот само во моментот на подигање на
порачката. ВЕ МОЛИМЕ да НЕ го откривате кодот во било кој момент различен од моментот на
подигнување на нарачката затоа што има шанси трговецот да не ви ја врачи ќесата. Откриен код
значи врачена нарачка.
2.3 ПРОЦЕС НА ПОДИГНУВАЊЕ НА НАРАЧКАТА
Секој наш партнер има самостојно одредени услови на нарачка и подигнување, односно испорака на
вашите нарачки. Информациите ќе ги најдете во одделот “Информации“ на секој продукт поединечно.
Со други зборови, кога ќе го отворите прозорецот на посакуваниот продукт во него ќе ги најдете
сите информации поврзани со истиот, како: дата и време кога производот ќе биде достапен, име и
адреса на продавачот, инструкции за подигнување, инструкции за евентуална достава, информации за
содржината на ќесата и сл. Доколку имате било какви прашања ве молиме контактирајте директно со
продавачот затоа што
SAVE нема никаков пристап и контрола врз содржината на ќесите.
ЗАКЛУЧОК: После успешно нарачаната ќеса преку апликацијата SAVE вие внимателно ги следите
инструкциите дадени од продавачот. Кога ќе се наближи времето за подигнување на порачка вие се
упатувате на претходно дадената адреса и го известувате персоналот дека имате SAVE ќеса за
подигнување. Во моментот на врачување на ќесата вие му го откривате кодот од апликацијата на
трговецот и во тој момент завршува целиот процес.
2.4 ОТКАЖУВАЊЕ, ЗАМЕНА И РЕФУНДИРАЊЕ НА НАРАЧКА
SAVE не дозволува, поради административни цели, откажување на нарачка, ниту од страна на
купувачот, ниту од страна на продавачот, а со тоа и нејзино рефундирање. Затоа ВЕ МОЛИМЕ добро
донесете одлука пред да купите било која ќеса.
Од друга страна, нашите партнери се сосема слободни да ги одлучат сопствените правила во однос
со клиентите, така што за било каков проблем или барање слободно обратете се до нив, веруваме
дека заедно ќе го најдете вистинското решение.
2.5 ПОФАЛБИ И ПОПЛАКИ
Доколку имате било какви пофалби или поплаки ви врска со SAVE или партнерите на SAVE ве молиме
користете ја формата за контакт којашто се наоѓа во опциите на апликацијата. Нашиот тим со
задоволство ќе одговори на секое ваше барање.
3. ОДГОВОРНОСТИ
3.1 ОДГОВОРНОСТИ НА SAVE
- SAVE одбива било каква одговорност во врска со производите добиени од страна на нашите
партнери или со дадените информации.
- SAVE одбива било каква одговорност во случај на несакани последици при консумирањето на
содржината на ќесите.
- SAVE одбива било каква одговорност во врска со условите за купување поставени од страна на
партнерите како и за неможноста на исполнување на истите од страна на крајните клиенти. За сето
тоа мора задолжително да се консултираат продавницата и клиентот пред конечното завршување на
купопродажниот процес. После потврдата за примање на ќесата од страна на купувачот, SAVE не може
да преземе никаква акција ниту во врска со купувачот, ниту во врска со продавачот. Затоа топло
ве замолуваме да се консултирате со продавачот за било какви прашања ПРЕД да го потврдите
примањето на нарачката.
3.2 ОДГОВОРНОСТИ НА ПАРТНЕРИТЕ
- Партнерите на SAVE се обврзани задолжително да приложат детални информации за содржината на
ќесите коишто ги нудат преку нашата апликација.
- Обврзани се да одговорат на секое ваше прашање во врска со производите што ги продаваат.
- Не смеат да ви продадат производ за кој претходно биле известени за можна алергиска реакција
од ваша страна. Доколку вие како купувач немате посебно упатство или навремено известување за
алергиски реакции од продавачот, во тој случај самите сте одговорни за можни, несакани
последици. Правилото е едно: секогаш комуницирајте со продавачот!
3.3 ОДГОВОРНОСТИ НА КУПУВАЧИТЕ
Како корисници на нашата апликација, имајте на ум, вие секогаш сте одговорни за било која
активност преземена од ваша страна на вашиот профил и од вас се бара веднаш да не известите за
каква било промена во вашата подобност за користење или пристап до апликацијата, или секое
нарушување на безбедноста или неовластено користење на вашата сметка. Како услов за користење на
апликацијата и пристап до вашата сметка, од вас се бара да се придржувате кон сите закони и
прописи кои важат за вас во секое време во врска со вашата употреба на SAVE. Воедно од вас се
очекува да покажете почит кон гостите и персоналот на продавниците, како и кон персоналот на
SAVE. Ако постапите несоодветно кон продавницата, другите потрошувачи на продавницата или SAVE,
ако извршите кривично дело против или во продавницата во врска со SAVE или ги прекршувате
правилата на SAVE, истиот може да ве забрани, исклучи или суспендира од апликацијата.
Кога ја користите апликацијата и пристапувате до вашата сметка, потврдувате дека сте одговорни
за целата ваша активност на истата, кој го вклучува вашето признание и договор со следново:
- Вие сте полнолетно лице.
- Да не го користите SAVE за која било незаконска цел или која било друга цел што е забранета со
нашите услови за користење.
- Ќе ги платите во целост вашите нарачки преку апликацијата.
- Не сте осудено лице и не се наоѓате во казнено поправна установа.
- Нема да креирате повеќе од еден профил на сопствено или било кое друго име.
- Нема да креирате нов профил доколку сте биле суспендирани од SAVE поради непочитување на
правилата на користење.
- Нема да користите никакви автоматски системи, роботи или софтвер за извлекување податоци од
SAVE.
- Нема вие (ниту да дозволите трета страна) да презема никакви дејствија како прикачување,
преземање, објавување, испраќање или на друг начин дистрибуирање на која било содржина на или
преку SAVE за која: знаете дека е лажна, погрешна, невистинита или неточна; содржи софтверски
вируси или какви било други компјутерски кодови, датотеки или програми кои се дизајнирани или
наменети да ја нарушат, оштетат, ограничат или попречат правилната функција на кој било софтвер,
хардвер или телекомуникациска опрема или да оштетат или да добијат неовластен пристап до кој
било систем, податоци, лозинка или други информации наши или на трета страна.
- Нема (директно или индиректно) да дешифрирате или изведете каков било изворен код или основни
идеи и алгоритми на кој било дел од SAVE. Нема да модифицирате, преведувате или на друг начин
креирате деривати на кој било дел од SAVE или да копирате, изнајмувате, дистрибуирате или на
друг начин пренесете кое било од правата.
- Нема да го користите SAVE ако сте директен конкурент или агент на директниот конкурент, освен
со претходна изречна писмена согласност од SAVE.
- Нема да ја користите SAVE за какви било комерцијални цели (вклучувајќи ги целите на копирање
или репродукција на материјал или содржина на SAVE.
4. ИНТЕЛЕКТУАЛНА СОПСТВЕНОСТ
SAVE и услугите што ги нудиме преку апликацијата, вклучувајќи ја целата основна технологија,
софтвер, графика, дизајни и сите авторски права, трговски марки, услужни марки, трговски имиња,
лого и друга интелектуална сопственост или сопственички права содржани во него, се и остануваат
наша единствена и ексклузивна сопственост, освен за содржините во сопственост на трети страни
кои го овластиле SAVE да прикажува содржини. Освен како што е изрично наведено во овие услови,
не ви е дадена никаква лиценца или кое било друго право. Ниеден дел од SAVE не може да се
репродуцира или складира во кој било друг систем или платформа или да се вклучи во кој било
јавен или приватен електронски систем или услуга за пребарување, без претходна писмена дозвола
од SAVE.
5. ДРУГО
SAVE не дава никаква гаранција ниту за производите ниту за услугите разменети преку истата затоа
што SAVE е само посредник, не произведува ниту продава директно па затоа и не може да даде било
каква гаранција. Со овие услови вие разбирате и потврдувате дека SAVE не обезбедува, одобрува
или гарантира производ, услуга или информација од трета страна, вклучително и производи од
продавниците на апликацијата.
5.1 РЕШАВАЊЕ СПОРОВИ
Повеќето од вашите грижи може да се решат брзо и на сечие задоволство ако нè контактирате. Ако
не можеме да ја решиме вашата жалба на ваше задоволство (или ако не успееме да решиме спор што
го имаме со вас откако се обидеме да го сториме тоа неформално), вие и ние се согласуваме да ги
решиме тие спорови во редовните судови базирани за важечкиот закон и местото на одржување
наведени во овие услови.